Почетна / МК Сцена / „Макфест“ со нова официјална песна

„Макфест“ со нова официјална песна

„Ако љубовта е како музика во срцево што ја имам, само небото ми е граница, почувствувај го овој ритам“ се стиховите со кои започнува новата официјална песна на 27-то издание на најпрестижниот македонски фествал на забавни мелодии Макфест 2012. „Почувствувај го ритамот“ е насловот на песната чиј комплетен автор е Јован Јованов, а во интересен денс ритам ја изведува Викторија Лоба.

„Идејата да направиме нова официјална песна на Макфест  која ќе го одбележи овогодишното издание и која ќе асоцира на фестивалот успешно ја реализиравме. Викторија Лоба е една од нашите најдобри пејачки и со нејзината изведба одлично се вклопи во целата замисла. Отсега секоја година Макфест ќе има нова официјална песна која ќе биде изведувана од популарен артист“, изјавува директорот на фестивалот Јован Јованов.

„Почувствувај го ритамот“ од денеска е пуштена на сите радио станици низ Македонија, а со истата нумера Викторија ќе ја отвори финалната вечер на Макфест 2012. Оваа година фестивалот ќе се одржи на 12-ти, 13-ти и 14-ти октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

Крис Манев | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Голдберг варијации“ во изведба на пијанистот Дино Имери

Едно од најпознатите дела на музичкиот гениј Јохан Себастијан Бах, неговите „Голдберг варијации“, ќе прозвучат …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!