Почетна / Забава / Македонија и оваа сезона на „Јас имам талент“

Македонија и оваа сезона на „Јас имам талент“

 

И оваа сезона Македонец во српската верзија на шоуто за таленти „Јас имам талент“.

 

 

Имено, Мартин Атанасовски познат по својот прекар Буцо се пријавил во новата сезона од шоуто за таленти и покрај тоа што од ниту една македонска телевизија годинава немаше интерес за соработка со нивната продукција.

Аранасовски има 17 години и живее во скопската населба Ново Лисиче, познат е по својот талент за битбокс. Досега има настапувано во повеќе кафулиња, во МКЦ, на концертот на Заз во Универзална сала, на разни хуманитарни настани, со српскиот бенд Сарс, но и со раперот Слаткар. Неговиот талент го покажа и на овогодишниот Пиволенд на Скопско Кале.

Аудициите ќе се одржат во јануари, Белград, а Мартин ќе биде претставник со битбокс од Македонија.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Луксузниот бренд ,,Елена Лука” го носи својот гламур во Њујорк!

Десетгодишниот јубилеј означува една нова ера за етаблираниот моден бренд Елена Лука и македонската мода …