Почетна / Серии / Бидете со генијалниот тим на „Скорпион“ во новата акциона драма на ТВ 24
Од 1 декември 2020 година - нова американска серија на телевизија 24. Секоја ноќ следуваат генијални решенија на нерешливи проблеми од тимот на "Scorpion"

Бидете со генијалниот тим на „Скорпион“ во новата акциона драма на ТВ 24

По долга пауза без премиерни американски серии, конечно нешто ново на ТВ 24. Од вторник до петок во 22.30 часот ќе ја гледаме “Scorpion” – американска серија создадена од Ник Сантора за CBS и емитувана на американската мрежа во 4 сезони од 2014.та до 2018.та година.

Серијата го прикажува живтот на на извршниот продуцент и самопрогласен компјутерски експерт Валтер О’Брајан кој заедно со неговите пријатели, помагаат да се решат сложените глобални проблеми и да се спасат животи. Нивната работа наскоро го привлекува вниманието на оделот за дравна безбедност кој решава да ги користи нивните знаења за сузбивање на тероризмот. Генијалниот тим на Волтер О’Брајан станува последната линија на одбрана против високотехнолошките закани на модерното време.

Волтер (го игра младиот Елијас Гејбел) е експерт за компјутери, тој уште не го открил целосно својот животен повик, а често можете да го најдете како го поправа безжичниот интернет по рестораните на крајот од градот затоа што тоа му носи каква-таква заработувачка. Тука е и жената за која повеќе саката да склопува и да расклопува компјутери отколку да работи на нив, а се вика Хепи Квин (ја игра Џејдин Вонг).

Човечкиот дигитрон Силвестер Дод (Ари Стидам) е најдобар со броевите и за миг може да пресмета какви се шансите нешто да се случи или не. Тука е и проблематичниот „психијатар“ Тоби Кертис (Еди Кеј Томас, играше во „Американска пита“), кој врз основа на говорот на телото може да прочита што мисли некој. Покриваат многу подрачја, а заедно се многу моќен тим.

„Скорпион“ е снимена според животот на вистинскиот Волтер О’Брајaн кој уште како момче од 13 години ја хакирал НАСА и станува дел од сценаристите на серијата, па затоа тука има материјал за размислување околу тоа кои се слабостите на модерниот свет и кој може да нѐ спаси кога работите ќе тргнат наопаку.

Со оглед на тоа дека луѓето како Волтер О’Брајaн се премногу паметни за овој свет, логично е со нив нешто друго да не е во ред. Тоа е секојдневното снаоѓање во општеството кое ги слави баналноста и површноста и покрај фасцинантните технологии што ни се достапни, па виртуелните можности ги користи за гледање мачиња и кучиња.

Затоа Волтер околу себе собрал тим од исто толку паметни но општествено неподобни луѓе, а сите нив ги ангажирала владата како последна техничка точка на одбраната кога работите ќе тргнат во многу лоша насока. А изгледа дека во последно време често одат во таква насока, па тука на помош доаѓаат Волтер и неговиот тим од соништата.

Серијата „Скорпион“ ветува многу акција, трки со времето, решавање на загатките што ни ги носи модерниот живот и нема врска што не сте генијалец – забавно е да гледате како многу паметните луѓе би решиле некој проблем кој ние обичните никогаш не би го ни забележале.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српската крими серија „Пет” репризно на Телма во 23:30 часот

Пет млади жени се протагонистки на оваа серија со„Пет” криминален заговор. По многу години, сплет …

error: Содржината е заштитена!