Почетна / Телевизија / Евровизија / Лозано и Есма на Евровизија во Шведска

Лозано и Есма на Евровизија во Шведска

 Македонската Радио Телевизија како полноправна членка на Европаската Радиодифузна Унија, донесе одлука со која се дефинира учеството на Македонија на претстојното 58-то издание на најголемиот меѓународен музички фестивал во Европа – ИЗБОР ЗА ПЕСНА НА ЕВРОВИЗИЈА кој ќе се одржи од 14-18 мај 2013, во Малме, Шведска.

 

Македонската Радио Телевизија како полноправна членка на Европаската Радиодифузна Унија, донесе одлука со која се дефинира учеството на Македонија на претстојното 58-то издание на најголемиот меѓународен музички фестивал во Европа – ИЗБОР ЗА ПЕСНА НА ЕВРОВИЗИЈА кој ќе се одржи од 14-18 мај 2013, во Малме, Шведска.

Според сопствените ингеренции кои што ни ги дава ЕБУ за избор, односно определување на национален претставник на овој музички натпревар, МРТ одлучи оваа година, како претставници на Македонија, честа да им припадне на две реномирани имиња од македонската музичка сцена – Кралицата на ромската песна во светски рамки Есма Реџепова Теодосиевска и нашата поп ѕвезда Влатко Лозановски-Лозано. Со овој необичен спој на искуство и младост, МРТ верува дека ќе ја постигне единствената посакувана цел – достојно претставување на Македонија пред европската и светска културна јавност.

 

 

Есма зад себе има богата повеќедецениска уметничка биографија, позната и призната низ целиот свет. Нејзиниот уникатно виртуозен вокал стана синоним за чисто, јасно и прецизно пеење, а како потврда на тоа се бројните солистички носачи на звук и концерти пред повеќе ститици илјадна публика. Нејзиниот божествен глас е употребен и за повеќе наменски – мултимедијални цели и проекти. Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка сцена. Жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината, а за тоа е номинирана и за Нобелова награда за мир.

 

 

Лозано е присутен на македонската музичка сцена нецели 5 години. Но, за тоа кратко време, со својот раскошен глас, како и неверојатен музички талент, успеа да го сврти вниманието на целокупната македонска музичка јавноста кон себе. Миленик е пред се на помладата генерација слушатели, не само во Македонија и на Балканот. Со својот ангелски глас, го освои и просторот на големата поранешна Руска држава. Критиката му предвидува блескава кариера и мошне брзо стекнување на титула на препознатлив македонски бренд во светот.

Македонската Радио Телевизија смета дека овој тандем, во комбинација со совршената композиција која треба да ја добиеме по пат на нарачка од неколкумина етаблирани македонски композитори, како и интерениот избор на една од нив, ќе се добие комплетен производ кој веруваме дека ќе вроди со плод.

Официјалното претставување на композицијата со која Македонија ќе се натпреварува во Малме, ќе биде кон крајот на февруари 2013. во студиото 3 на Македонската телевизија.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МРТ со голем долг кон ЕБУ, Македонија останува без Евровизија?

  Ќе паузираме ли од Евровизија ?   Гледачите на „Македонската радио-телевизија“ (МРТ) може наскоро …