Почетна / Телевизија / Дали спортските Арена М Премиум канали се во согласност со законот?

Дали спортските Арена М Премиум канали се во согласност со законот?

И втор ден без одговор од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на прашањето на Македонската телевизија – дали, во интерес на јавноста, ќе ги објави документите врз основа на кои Арена М Премиум каналите се третираат како странски програмски сервиси. Зошто трите Премиум М канали на Арена не се регистрирани како домашни национални канали под надлежност на ААВМУ?

Според анализата на МРТ, ова отвора и дополнителни дилеми. Ако овие канали формално се сметаат за странски, а истовремено имаат локална продукција, домашни реклами и силна поврзаност со македонскиот пазар, дали треба да бидат регистрирани како домашни телевизиски канали под надлежност на ААВМУ?

Дополнително, се поставува прашањето каде е законската граница – кога еден странски канал, со локализирана програма и активности во Македонија, престанува да биде странски и станува домашен радиодифузер? Доколку не постои јасен критериум, дали тоа би значело дека и други медиуми би можеле да работат на ист начин, без да бидат регистрирани како домашни?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МРТ планира богата програма и македонски „Нетфликс“ сервис

Освен враќањето на Македонија на најголемиот музичко продукциски настан во светот – Евровизија, МРТ во …

error: Содржината е заштитена!