Веќе долг период телевизија 24 не откупува и емитува нова и премиерна играна програма. Ако порано на оваа фреквенција ги гледавме познатите серии како Афера, Реј Донован, Прашање на чест и Екатерина Велика, веќе две години нема започнато ниедна нова серија.

Па така, од информациите достапни на јавноста, последната серија за која објавиле на веб страната е почната во 2024 година.
За филмовите слично. Лани била ажурирана веб страната со последниот филмски наслов, а од тогаш филмовите се укинати на оваа фреквенција.

Дали националната и сателитска телевизија 24 конечно ќе откупи премиерни содржини за своите гледачи или ќе продолжи без нови наслови, останува да видиме.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
