Почетна / Серии / Летна реприза и на тин серијата „Да се биде Ив“ на скопска МТМ

Летна реприза и на тин серијата „Да се биде Ив“ на скопска МТМ

“Да се биде Ив”, уште една реприза на МТМ телевизија

 

Сабота и недела на Прва скопска МТМ телевизија се репризира тинејџерската серија “Being Eve”. Серијата која премиерно на локалните тв станици се емитуваше изминатава пролет, ни доаѓа од Нов Зеланд продуцирана во 2001 година од продукцијата South Pacific Pictures, во 26 получасовни продолженија.

Серијата се фокусира на згодите и незгодите на тинејџерката Ив и нејзините секојдневни проблеми. Нејзините родители се разведени, но живеат куќа до куќа. Во почетокот на серијата, Ив е во врска со Адам, но подоцна раскинува со него и започнува романса со Сем, момчето со кого го имала првиот бакнеж како дете.

ТВ серијата на МТМ ќе се репризира секоја сабота во 13.30 часот, и недела во 18.30 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди

error: Содржината е заштитена!