Почетна / Телевизија / Латас не поднел оставка во Сител телевизија!

Латас не поднел оставка во Сител телевизија!

 

Информацијата во врска со Драган Павловиќ-Латас што денеска осамна на порталот Плусинфо е чиста дезинформација. Имено, тие напишаа дека: „долгогодишниот главен и одговорен уредник во националната телевизија Сител, денеска поднел оставка од функцијата”.  Според нивниот текст, неговото место во Сител и било доделено на Ивона Талевска.

Новинарите очигледно наслушнале нешто, но за жал не дослушнале. Талевска денеска е назначена за главен и одговорен уредник на весникот Вечер откако Латас ја напушти таа функција поради лични причини. Инаку, тој и натаму останува главен и одговорен уредник на Сител.

 

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ацо Кабранов: Во Канал 5 примав 60.000 во плико на рака

Доскорешниот уредник на 1ТВ Ацо Кабранов во пост на Фејсбук обзнани дека додека работел во …

error: Содржината е заштитена!