Почетна / Филм / Ѕвездата се роди

Ѕвездата се роди

 

 

Уште во јануари 2011-та година беше најавено снимањето на римејкот на музичката романтична драма “A Star is Born” од 1976-та година, кога главните улоги ги имаа Barbra Streisand и Chris Christofferson (поточно римејк на римејкот од 1954-та година кога главната улога ја имаше Judy Garland, додека оригиналот всушност датира уште од далечната 1937-ма година со Janet Gaynor).

 

И додека режисерската палка ја презеде Clint Eastwood, главната женска улога и припадна на r’n’b дивата Beyonce. Тогаш сеуште се шпекулираше дека главната машка улога наводно ќе ја толкува Leonardo DiCaprio, но според последните медиумски наслови, улогата сепак му припаднала на Tom Cruise. Снимањето на филмот требаше да започне следниот месец, но плановите се променија затоа што Beyonce во меѓувреме остана бремена, а неодамна и се породи. За главната машка улога исто така се споменуваа и имиња како Christian Bale и Hugh Jackman.

 

 

 

 

Ivana T. | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шарлиз Терон е „Атомската русокоса” во неделниот трилер на Телма

“Atomic blonde” со Шарлиз Терон, Џејмс Мекавој, Џон Гудман во главните улоги. Таен агент на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!