Почетна / МК Сцена / Карло Бос спасен од конзулатот во Венеција

Карло Бос спасен од конзулатот во Венеција

 

Најпознатиот македонски порно актер Гоце Гиновски, којшто работеше во Италија долги години, за пред неколку дена да биде донесена одлука истиот да се депортира назад во родната држава, е спасен од депортирање со полиција од страна на македонскиот конзулат во Венеција. Карло Бос, како што повеќето го викаат, во Скопје се враќа на 21. или 26. ноември кадешто ќе биде пречекан од македонската полиција, телевизиските камери и сопственото обезбедување.

„Јас мислев дека нема да ме препознаат, а дечкиве веќе знаеле дека пристигнувам во 11:00 часот во Венеција, ме чекаа сите, од 11:00 до 17:00 часот. Фрчеа телефони на сите страни, зборувавме со македонската полиција да дозволат да ми издадат документи. Успеавме да ги средиме сите документи и сега можам како господин да се качам во авион за Македонија и да не бидам спроведен од Италијанската полиција. Да живее македонскиот конзулат, да живее Македонија. Ова никогаш нема да го заборавам. Ви благодарам од срце, поздрав од Милано“, изјави за ТВ Пакет, Карло Бос.

 

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Голдберг варијации“ во изведба на пијанистот Дино Имери

Едно од најпознатите дела на музичкиот гениј Јохан Себастијан Бах, неговите „Голдберг варијации“, ќе прозвучат …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!