Почетна / Сапуници / И регионалните телевизии започнуваат со емитување на турски серии

И регионалните телевизии започнуваат со емитување на турски серии

 

 “Соседство” – нова турска серија на регионалните телевизии

 

Регионалните телевизии ширум земјава (О2, Канал 3, Д1, Ултра итн.) започнуваат со емитување на турската серија “Соседство”, од понеделник до петок во 18 часот. Новата серија ќе се емитува надсинхронизирана на македонски јазик, онака како што овие серии се емитуваат и на националните телевизии.

Се работи за серија снимена во 2012 година и ќе се емитува во 26 продолженија.

 

Содржина:

Господинот Сади е веќе пензиониран и живее заедно со неговата сопруга Хедије која се грижи за куќата, како и со нивните три деца Искендер, Ердал и Ајше. Како што минува времето, нивната куќа станува се’ постара, но и спомените за добрите златни денови кога живееле како среќна и сложна фамилија, полека се претвораат во нова реалност. Сите од нив имаат свои желби и соништа, па поради тоа едни со други наидуваат на недоразбирања и конфликт. Нивната слога се руши кога во соседството се вселуваат Леман и Нурсен. Тоа се мајка и ќерка, кои изгледаат како сестри и кои се вселуваат во куќата спроти куќата на Сади. Овие две убави жени ќе го привлечат вниманието на нивните соседи.

 

Срамежливиот Искендер кој секогаш бегал од жените, се вљубува во Нурсен и ја гледа својата иднина со надеж за една нова љубов. Но за да го изнервира и да се пошегува со својот брат, Ердал решава тој да биде оној кој ќе ја заведе Нурсен, младата сосетка. Двајцата браќа кои досега се карале за поголем дел од куќата, сега се ривали за љубовта на девојката. Нурсен е убава девојка, која сака искрен и едноставен живот, различен од оној кој го имала нејзината мајка. Таа на прв поглед се вљубува во Ердал, но не е свесна дека оној што има искрени чувства за неа е всушност Искендер.

Улоги: Ceyda Ateş, Özgür Çevik, Barış Aytaç, Şemsi İnkaya, Mehtap Bayri, Bedia Ener, Gökçe Sezer

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездите на „Аси“ и „Ѓумуш“ во нова играна продукција на Сител

Нова играна серија на телевизија Сител. Ѕвездите на Аси и Ѓумуш се враќаат на малите …