Почетна / Забава / И Дурекс го поддржа Часот на планетата земја

И Дурекс го поддржа Часот на планетата земја

 

Во пресрет на Часот на Планетата Земја, светскиот производител за презервативи Дурекс покренува нова иницијатива насловена како #TurnOfftoTurnOn, со која ги поттикнува своите потрошувачи да го искористат едночасовниот настан на 29. март кога светот ги исклучува светлата. Брендот ја позиционира кампањата како „глобален повик за будење со Дурекс“, со што ги инспирира паровите низ целата планета да си посветат еден час без светло и електроника, еден со друг.

 

 

– “Веруваме дека ништо не треба да претставува препрека на патот за водење љубов. Затоа да се одјавиме од социјалните мрежи и да ги исклучиме светлата. Тргнете ги очите од телевизорите и прегрнете ја вашата љубов. Гледајте помалку, за да почувствувате повеќе. Заедно ќе направиме #TurnOffToTurnOn” повикуваат од Дурекс.

Кампањата е поддржана со емотивно видео, кое ги потенцира моментите на отсутност и зафатеност со својот паметен телефон, иако партнерите се еден покрај друг, како и среќата од повторното поврзување. Краткиот филм беше инспириран од истражување спроведено во Велика Британија, кое откри дека третина од анкетираните велат дека технологијата им е буквална пречка во нивниот сексуален живот.

 

 

– “Глобалната опсесија кај луѓето со технологијата поточно паметните телефони, лаптопи, телевизори и таблети не прават асоцијални. Денот на Планетата Земја е одлична кампања за да се пренесе пораката да делуваме, да ја заштитиме земјата и да водиме љубов цел ден. Време е сите да ги исклучиме светлата за да се возбудиме”, изјави Уконва Ојо, маркетинг менаџер на брендот.  

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Македонските танчери се светски шампиони во латино шоу

Танчерите од Eat The Beat од Скопје, остварија неверојатен резултат на Светското Првенство во Латино …

error: Содржината е заштитена!