Почетна / Живот / Индиска актерка обезглавена од колегите

Индиска актерка обезглавена од колегите

Индиска актерка настрадала од своите колеги актери. И ја отсекле главата!

 

 

Менакши Тапа прво била киднапирана од двајца колеги со кои се дружела, а потоа и брутално убиена. Убиството се случило минатиот месец, а имињата на убијците се Амит Џансвал и Прети Сурин, тие биле љубовници. Двајцата не планирале да ја убијат Менакши, туку само да побараат откуп за актерката што ја киднапирале.

 

Менакши со нив се запознала на снимањето на филмот “Хероина” каде таа имала значајна улога.

 

 

И покрај тоа што мајката дала 60.000 рупии или 780 фунти, сепак не успеала да ја види ќерка си жива. Намерата на киднаперите била да изнудуваат пари од нејзиното семејство, тие сами го признале криминалното дело откако биле фатени од полицијата. Убавата актерка била задавена во хотел, а потоа телото и било исечено на парчиња и пикнато во буре со вода. Нејзината глава била фрлена од автобусот со кој се движеле кон Мумбаи.

 

Оваа актерка била киднапирана затоа што убијците верувале дека таа доаѓала од богато семејство поради нејзиниот раскошен животен стил. Но таа всушност припаѓала на семејство од средна класа. Кога киднаперите сфатиле дека од неа нема да ја извлечат посакуваната сума на пари (18.000 фунти), одлучиле да ја убијат, но криминалното дело неуспешно го прикриле.

 




Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови книги од Стојановски и Чапаровска во издание на „Современост“

Во издание на литературното списание „Современост“ од Скопје излегоа книги од нови македонски автори, романот …