Почетна / Серии / Збогум Очајни Домаќинки!

Збогум Очајни Домаќинки!

ABC ги објави датумите за крајот на сезоните на актуелните серии

 

 

Мај е близу до нас, а со самото тоа и финалето на уште една регуларна сезона. ABC овие денови точно ни назначи на кои датуми ќе им речеме довидување до есен, или збогум засекогаш на нивните серии. На 20-ти март ќе се опростиме од The River, а на 10-ти април со Body of Proof. Забрзано финале на сезона ќе има и симпатичниот ситком Happy Endings, на 4-ти април. Токму на празникот 1-ви мај, финалето на првата сезона ќе го доживее Last Man Standing, а неколку дена подоцна и Good Christian Belles, на 6-ти мај. Квалитетната драма на ABC која зад себе има повеќе од една сезона, што сеуште трае, Castle, своето финале на оваа сезона ќе го дочека на 7-ми мај, но веројатно ќе биде обновена и ќе добие нова сезона. Во недела, на 13-ти мај, финале на сезоната ќе има и магичната Once Upon a Time, а двочасовно финале на сезоната и на серијата истиот ден, односно вечер, ги очекува и Desperate Housewives.

Осумгодишната дружба со неуморните дами од мистериозната улица Вистерија Лејн, за жал, завршува во мај. Милионите фанови ширум светот постојано го изразуваат своето незадоволство за веќе закажаното финале, но рејтинзите го кажаа своето, а продуцентите одлучија – време е да се збогуваме со Desperate Housewives. Оваа серија македонските гледачи ја гледаа на А1 и сеуште ја гледаат на FOX Life.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди