Почетна / Телевизија / Х Фактор / Започнаа аудициите за најгледаното музичко шоу „Х Фактор“

Започнаа аудициите за најгледаното музичко шоу „Х Фактор“

 

Првата аудиција за втората сезoна на најголемото регионално музичко шоу, а по светска лиценца Х Фактор започна денеска во Скопје сити мол во комплексот Синеплекс. Пријавените и не пријавените кандидати во број дупло поголем од минатата сезона беа точно на време на своите позиции. Во 9 часот им се поделија броевите, кандидатите потпишаа изјави и аудициите почнаа.

 

 

Пет од кино салите беа оспособени за аудициите, секој кандидат подготвено со доза на трема со го дочека својот ред и го направи првиот чекор кон големата сцена. Во жири комисија искусни музички образовани и потковани продуценти од Србија Хрватска и Македонија подготвени да му дадт шанса на секого кој мисли дека има Х фактор.

 

 

А такви денеска ги имаше многу. Овој пат охрабрени од победата на Македоноцот Даниел Кајмакоски и многу по самоуверени дојдоа возрасни луѓе, најстариот со 50 години, а најмладите беа во рамките на дадената долна граница 14 односно 15 години. Првичните информации од жирито е дека оваа година квалитетот кај кандидатите е на повисоко ниво за разлика од минатата година. Аудициите денеска ќе траат се до 20 часот а вторта аудиција се случува веќе утре на истото место и тоа со почеток од 9 часот. Оние кандидати кои ќе ја поминат оваа, одат на следна аудиција во Белград на крајпот на фебруари а одговорите дали патуваат за Белград или не ќе ги добијат за 15 дена.

 

 

 

 

 

 

Сител

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …