Почетна / МК Сцена / Запознајте ја новата волчица Калиопи

Запознајте ја новата волчица Калиопи

 

Откако ја обновија меѓусебната соработка со песната црно и бело, со која Калиопи ја претстави Македонија на „Евровизија“ во Баку, пејачката и нејзиниот поранешен сопруг, композиторот Ромео Грил, започнаа со реализација на новиот албум. Првиот сингл на престојниот албум е песната Вучица. За неа е снимен и видео спот режиран од Александар Ристовски – Принц, кој го правеше и евровизискиот спот за Калиопи, како и многу други спотови од нејзината кариера.

 

„Овој албум претставува едно прекрасно и големо искуство за мене, нешто сосема ново. Работам со еден „нов“ Ромео , а тој со една поинаква Калиопи. Најубаво во овој процес е откривањето на моментот дека сите овие 12 изминати години во музиката еден без друг и тоа како бевме присутни во личните креирања. Со други зборови, како никогаш да не сме се разделиле. Ромео Грил е автор по дефиниција, кој знае како со своите песни да ја допре мојата душа и да ме натера да се надминам себеси дури и онаму кадешто најмалку верувам“, изјави Калиопи.

 

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Промовирана првата песна на Андреа, дело на Масевски

“I Know” е насловот на деби синглот на новата артистичка надеж Андреа. Музиката, аранжманот и …