Почетна / Забава / Експлозивен настап на „Апокалиптика“ се случи вчеравечер во Скопје

Експлозивен настап на „Апокалиптика“ се случи вчеравечер во Скопје

 

Вчеравечер во арената „Борис Трајковски“ се случи уште еден спектакуларен концерт на Апокалиптика во Скопје. Фановите со нетрпение чекаа на сцената да се појават виртуозите кои доцнеа околу четириесеттина минути, но, позитивните коментари по социјалните мрежи велат дека вредело да се чека.

Концертот беше поделен на два дела меѓу кои имаше пауза. Во првиот дел настапија само четворицата челисти кои започнаа со звуците на „Enter Sandman“, а во вториот дел ним им се придружи и тапанарот кој ја крена атмосферата во арената.

Арената се наполни иако многумина коментираа дека истата е голем залак за концерт од ваков тип. Финците по третпат одржаа концерт во Македонија, но вчерашниот ќе остане оној за паметење.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стенд-ап на 4 август во Охрид – „Ова не е нормално“ со Марјан и Бојан

На 4 август, под ѕвезденото небо на Античкиот театар во Охрид, ќе се случи вистински …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!