Почетна / Живот / „Таа е главна“ со својата пу-лозофија секој петок на Дискавери

„Таа е главна“ со својата пу-лозофија секој петок на Дискавери

 

Сте слушнале ли за Пу-лозофија?

 

Вероника  „Пу“ Неш-Полет го осигура своето место во историјата на интернетот со уникатни, искрени и директни видео совети во кои нема место за лажирање, а притоа и осигура повеќе од 25 милиони прегледи на YouTube. Нејзините неделни објави на Facebook ги прикажуваат урнебесно смешните ставови за сѐ и сешто, од однесување во тоалет до непримерното однесување на младите.

 

 

Пу има дипломирано психологија и образование и иако необична, сепак е квалифициран експерт со мноштво совети кои за среќа, сака да ги споделува. Иако ужива во виртуелната интеракција со својата „заедница“, смета дека е време да си ги запознае следбениците во живо. Наоружана со мајчинско искуство, богат стаж како школски советник и здрава смисла на хумор, оди во домашни посети и споделува совети и љубов на секој чекор. Од петок, 7 април во 21 часот на TLC следете го серијалот „Таа е главна“ и нејзината мисија преку која ја шири нејзината Пу-лозофија.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најново : Тројца нови заразени од Корона вирусот во Македонија!

– Денешната бројка на заболени со корона вирус во земјата е 26 пациенти. Утрово се …

error: Содржината е заштитена!