Почетна / МК Сцена / Еве како звучат сите песни од албумот на Каролина

Еве како звучат сите песни од албумот на Каролина

 

Се ближат најочекуваните моменти во последните години во македонската музика. Македонската ѕвезда Каролина Гочева почнувајќи од овој четврток ќе одржи пет концерти во Македонската Опера и Балет, од 20. до 24. февруари, промовирајќи го долгоочекуваниот етно албум „Македонско девојче 2“. Првите два концерти се целосно распородадени, како што информираа Авалон, а од другите три концерти останати се уште малку влезници за вистинските љубители на квалитетната новосоздадена музика. За 600 денари, добивате влезница за концертите и луксузно издание на албумот. Оној кој нема да може да присуствува на еден од концертите, ќе може да си го купи албумот веќе од 25. февруари.

 

 

По успешните „Чалгиска“ и „Две лири“ кои за кратко време станаа големи хитови, во продолжение ви претставуваме кратко видео со исечоци од сите песни кои ќе може да се слушнат на новиот албум.
 

 Првите ноти на „Кој да ми запее“ навестуваат дека не очекува високо квалитетен албум кој ќе ја разбранува нашата душа и ќе ги допре нашите емоции. Албум за кој музичкиот новинар Јолевски во својата критика кажа:

– „Остварување кое ја има инстантната допадливост, но кое го окривате со секое идно преслушување. Вистински следбеник на обнародената деби објава што ја потпишаа пејачката и големиот автор и ововремен музички преродбеник Златко Ориѓански. Албумот доаѓа по речиси шест години од обелоденувањето на проектот „Македонско девојче“ со кој Каролина трепетливо зачекори во една нова, на публиката дотогаш непозната звуковна авантура, но од друга страна и потврда дека ги победила сите непознаници и сега стамено ќе може да чекори низ портите што патем ќе и се отвораат. Вистински показ дека нејзината моќна и умешна интепретација со ништо не може да биде оградена и сведена единствено во еден сегмент на локалново буниште. Напротив, поразличен од деби објавата, со екипа која авторски трга од едно поинакво одредиште и со свирачи кои сериозно го испекле занаетот, „Македонско девојче 2“ не само што донесува оригинални творби кои извираат од нашата заумна фолклорна традиција, туку и интригира со потребата да ги побара врските со некои други музики од океанот на звуци во глобални рамки. И, сето тоа да не биде изнудено, изнасилено, туку сосема природно оти ниту една музика по белиот свет (а најмалку овде во околу Средоземиево) не настанала посебно и не постои сама за себе туку била изнедрена од катадневните соборни вкрстувања и звуковни ишарети.”

 

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!