Почетна / Живот / Документарната програма „Недела на ајкулите“ на Дискавери

Документарната програма „Недела на ајкулите“ на Дискавери

 

Недела на ајкулите – последната недела од август

 

Овој месец документарната програма Недела на ајкулите “ (Shark Week)  започнува да се емитува на Дискавери каналот и тоа 24 до 30 август 2015 година во 23 часот .

 

 

Телевизискиот настан ,,Неделата на ајкулите (Shark Week) се прикажува на Дискавери веќе 28 години. Во Македонија овој настан се прикажува последната недела од август. Од 24-30 август Дискавери ќе не забавува и информира со документарната програма посветена на ајкулите и ќе не предупредува за загрозеноста на овој вид.

Секој ден во 23 часот премиерно ќе се прикажува документарната програма полна со нови информации и факти посветени на овие животни. Вклучете се во потрагата по најголемата женка било кога забележана како и ајкулите од не истражените делови на океанот.

Минатогодишниот Shark Week во светот е оценет како најдобар во историјата , а во таа недела привлече повеќе од 42 милиони гледачи. Време е за соборување нови рекорди, бидете спремни за најдобрата телевизиска забава.

 

 

Распоред на премиери

Понеделник, 23 часот -Островот на големото морско куче

Џеф, Енди и Дики, експерти за ајкули, патуваат на вулканскиот остров Гвадалупе во Тихиот океан и со помош на нови методи и технологија и трагаат за некои од најголемите ајкули во светот.

Вторник, 23 часот – Големата бела невеста

Следете ја потрагата по најголемата бела ајкула.

Среда, 23 часот – Враќањето на белиот сериски убиец

Екпертите Ралф и Брендон ги бараат одговорите врзани за најголемите напади од ајкули. По два фатални напади во 2010 и 2012, експертите се прашуваат дали истата ајкула ќе нападне повторно и зошто?

Четвроток, 23 часот – Кубанското морско куче

Експедицијата која трага по ајкули ги обединува американските и кубанските научници во заедничка потрага во се уште не истражените делови на светот. Режисерот Иан Шив и тимот истражувачи тргнуваат во Хавана да посведочат на 6 метарската ајкула “El Monstruo”.

 


 

Петок, 23 часот – Вонземски морски кучиња: блиски средби

Научникот Пол Клеркин се служи со најновите методи и технологии за да ги истражи морските кучиња и да се приближи на некои од најнеобичните ајкули во најдлабоките делови на океанот.

Сабота, 23 часот – Чудовиштето Мако

Научниците тргнуваат на експедиција да го истражат видот Мако, малку познат вид кој живее во Мексичкиот залив.

Недела, 23 часот – Патеките на ајкулите

Зошто заливот на Флорида е новата жешка точка за големи бели ајкули во Атлантикот? 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АЕТМ поддржа отворање на 60 нови е-продавници во Македонија и Албанија

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ одржа бесплатен едукативен и нетворкинг настан за е-трговија, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!