Почетна / Живот / Нов серијал за манекенки постари од 30тите – на TLC каналот

Нов серијал за манекенки постари од 30тите – на TLC каналот

 

Серијалот Манекенки постари од 30“ започнува да се емитува на ТЛЦ каналот од 16 август 2015 година во 20 часот . Се работи за серијал во кој се бараат манекенки кои имаат над 30 години, чија животна желба е пистата а сепак поради околностите не успеале да си го остварат својот сон.

 


 

TLC од недела 16. август ви го претставуа новиот серијалМанекенки поастари од 30. Каналот посветен на жената заедно со водителката Џејн Ин Зарела, изненадува три кандидатки и ги поканува да го прифатат предизвикот и да го остварат својот сон еден ден да станат модели. Сите се постари од 30 години и секоја од нив има различна животна приказна. Заедничко им е што веќе подолго време сонуваат да станат модели, но никогаш немаат добиено шанса да ја остварат.

 


 

Кариера, деца, партнери, секогаш се наоѓа нешто што ќе им се испречи. Не и овој пат. Со помош на Џејн Ин Зарела, сега се спремни да го направат првиот чекор и да направат кариера на професионални манекенски, а во секоја нова епизода се натпреваруваат за некој манекенски договор или договор со некоја угледна агенција. Ако успеат да ги совладаат сите предизвици и покажат дека го поседуваат она што е потребно за успех во модната индустрија, ќе добијат шанса да најпосле го остварат својот сон.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поетот Марковски со свои читања на словенечката „Прешерново оро“

Македонскиот писател и поет Стефан Марковски деновиве имаше поетски настапи, предавање, читања и претставување на …

error: Содржината е заштитена!