Почетна / Телевизија / Документарен филм за катастрофалниот земјотрес во Непал

Документарен филм за катастрофалниот земјотрес во Непал

 

Трогателен филм за земјотресот во Непал на Дискавери

 

Утре (1 јуни) со почеток во 23 часот во 220 земји во светот, на Дискавери каналот ќе се емитува документарниот филм кој темелно ги истражува разорните земјотреси кои го погодија Непал и во кој гледчаите ќе видат одблизу што сесе случуваше во Непал и зошто светот се потресе од оваа природна катастрофа.

 

 

“Катастрофалните последици од земјотресите во Непал” е документарен филм за разорниот потрес со магнитуда од 7,8 степени кој на 25. Април 2015 го потресе Непал, а после него следеше уште еден, на 12 мај со магнитуда од 7,3 степени.

Разорниот земјотрес позади себе остави рушевини и повеќе од 8000 загинати, вклучувајќи и 18 планинари кои биле во камп на Монт Еверест. Историските згради во главниот град на Непал, Катманду, се сведени на рушевини, а позади семејните куќи останати се само облаци од прашина. Во овој документарец, со помош на интервјуата со експертите и сеизмичките симулации се објаснува науката за потресот, спасувачките акции во Катманду и вестите за потресот од целиот свет. Филмот пружа ексклузивен увид во ситуацијата со помош на најновата технологија и истражувања кои се во тек кои би му помогнале на човештвото да подобро ги предвидува и се носи со природните катастрофи.

 

 

Гледачите ќе имаат можност да ги видат изјавите на очевидците и оние кои го преживеале земјотресот- од мајка чие дете било закопано во рушевините 22 часа до студент кој бил згмечен од рушевините на зграда. Надополнување се и сведочењата по социјалните медиуми за време на настанот.

 Документарецот ги води гледачите во самиот центар на потресот, во едно од најстрашните искуства познати на човештвото и ги покрива сите аспекти, од наука до лични приказни на луѓето кои го преживеале.” Изјави Елизабет Мекентајер, потпретседател на производство и развој на Discovery Networks International.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Ружица Фотиновска како презентер на дневните вести на ТВ 24

Новинарката Ружица Фотиновска веќе одреден период ја гледаме на екранот на ТВ 24 и како …