Почетна / Телевизија / Дознајте кои се сериите кои ќе ги емитува Телма телевизија оваа есен

Дознајте кои се сериите кои ќе ги емитува Телма телевизија оваа есен

 

Нови серии на Телма телевизија

 

По неколкумесечно репризирање на серии, овој месец Телма телевизија конечно започнува со премиерни серии за оваа есен. ТВ Пакет во продолжение ви ги открива сериите кои ќе ги емитува Телма.

Овој месец започнува новата, трета сезона од Стрела, серијата која доби позитивни критики и е најдобро оценета серија од телевизиската мрежа на CW. Во третата сезона, продолжуваат авантурите на Оливер Квин и неговата борба со сите надворешни сили со цел да ги заштити семејството и пријателите.

 

 

Освен Стрела, на Телма ќе ја гледаме и третата сезона на Лица за одстрел. “Лица за одстрел” е криминален трилер за еден поранешен агент на ЦИА кој се здружува со мистериозен милијардер за да спречи силни криминални дејства користејќи свој сопствен бренд на одмаздничка правда. Користејќи ја оваа уметничка присмотричка технологија, двајцата работат надвор од законот користејќи ги стручните вештини на Риз и Финчовите неограничени богатства за да ги расплетат мистериите на лицето за одстрел и да го запрат криминалот пред истиот да се случи.

 

 

Најгледаната британска серија Шерлок ќе се емитува оваа есен на Телма. Иако серијата веќе беше емитувана на Алфа телевизија, сепак гледачите со истенчен вкус, повторно ќе уживаат во загатките кои ќе ги решава Шерлок. Бенедикт Камбербач и Мартин Фримен ќе бидат главните протагонисти во современата адаптација на детективските приказни на Шерлок Холмс.

 

 

Црни огледала ќе го истражува влијанието на новите технологии врз животите на луѓето. Серијата е добитник на Еми награда, а неколкуте остроумно возбудливи епизоди претставуваат сатирични приказни за паранојата од модерните технологии кои се црните огледала на нашата егзистенција во 21 век.

 

 

Ветсерн серијата Пекол на тркала произлегува од продукцијата која ги направи култните Breaking bad, Mad men и The walking dead. Дејството се одвива во шеесетите години од 19. век и ги покажува институциската корупција и новонастанатите неприлики на скоро ослободените афроамерикански робови, преку приказната за Кален кој е во потрага по убијците на неговата жена.

 

 

Трилер серијата Следбеници го следи Рајан Харди, поранешен ФБИ агент, кој се враќа на својата задача откако еден опасен сериски убиец е избеган од затвор. Приказната за убиецот и Рајан започнала во минатото, а сега ФБИ ќе дознае дека создаден е цел култ на убијци фанатици кои го прифатиле учењето и техниките на главниот сериски убиец.

 

 

 Интересни, возбудливи, интригантни и светски популарни. Новите серии на Телма започнуваат многу наскоро.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …