Почетна / Забава / Евровизија / Дали Baby Lasagna ќе биде хрватскиот претставник на Евровизија?

Дали Baby Lasagna ќе биде хрватскиот претставник на Евровизија?

Откако ХРТ ги објави песните учеснички за фестивалот Дора 2024, од каде се бира хрватскиот претставник за Евровизија, реакциите не стивнуваат. На социјалните мрежи и на youtube сите навиваат или зборуваат за песната на Ваву Lasagna “rim tim tafi dim”.

Најинтересно е што оваа песна воопшто не беше влезена во првичниот избор, туку била прва од трите резервни песни ако некој се откаже од учество. И токму тоа и се случува, два дена пред да бидат објавени песните, познатата Zsa Zsa се откажува од учество. ХРТ прво му се јавува на Baby Lasagna, и тој со задоволство прифаќа. Првите 24 часа не сакал ни да види што се пишува за него бидејќи мислел дека сите ќе го хејтаат и ќе ја мразат неговата песна.

Но, откако отишол на интернет, видел дека е главен фаворит за победа, и дека има многу барања за интервју. Своето прво претставување го имаше вчеравечерта на веб страницата на wiwibloggs, каде разговараше со главниот основач на оваа страница и влијателен јутјубер Вилијам Ли Адамс. За неговата песна скоро сите фанови на Евровизија имаат позитивно мислење, и станува се побаран од страна на новинарите.
Бидејќи Македонија, за жал втора година по ред не учествува на Евровизија, ни останува да навиваме за хрватскиот феномен Baby Lasagna за тој да биде хрватскиот претставник годинава на Евровизија.
Во прилог на ова слушнете го неговото прво интервју.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Baby Lasagna е првиот Хрват кој влегол на британската листа топ 40

Baby Lasagna e првиот претставник од Хрватска кој успева да влезе во британската топ листа …

error: Содржината е заштитена!