Почетна / Забава / Го заборави текстот!

Го заборави текстот!

Во текот на настапот во рамките на својата турнеја, Кајли Миног ги заборави зборовите од својот хит Give me Just A Little More Time. Целата ситуација ја спаси хартијата на која беше напишан текстот од песната.

 

 

Австралијанката на обожавателите им открила дека само два часа пред концертот одлучила да ја пее таа песна. Откако отпеала неколку стихови, Кајли ги заборавила оние што следуваат. Да не се најдел текстот од песната во нејзина близина, таа нема да можела на своите фанови да им ја отпее песната до крај.

“Буквално ја уништив песната. Благодарам што ми помогнавте да ја отпеам до крај. Долго време ја немав пеено, но вие звучевте неверојатно”, коментирала пејачката.

Откако обожавателите и помогнале да го отпее хитот од 1991-та година, Кајли потоа без проблем продолжила да пее, следувала песната Tears On My Pillow која ја посветила на својот татко Рон. На публиката и се заблагодарила за поддршката во текот на нејзината борба со ракот на дојката, па ја отпеала песната Stars која настана во тој тежок период.

 




Ivana T. | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фантастичен концерт на Жељко Самарџиќ – ја испеа Бисер Балкански

Во преполна сала и добра енергија помина концертот на Жељко Самарџиќ во Скопје. Гостинка на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!