Почетна / Телевизија / Во недела финале на „Сите наши песни“

Во недела финале на „Сите наши песни“

 

Во недела во 20 часот и 15 минути ќе биде прикажано финалето на музичкото шоу „Сите наши песни“ на првиот канал на Македонската телевизија.

„Сите наши песни“ е проект на Македонската Радио Телевизија за заштита и афирмација на македонската музика. Се работи за музички натпревар со песни од ризницата на македонската забавна мелодија – меѓу екипите на градовите и општините од Македонија. Во финалето се пласираа тројцата најдобри и тоа Евгенија, Тане и Кристијан. Евгенија е позната како финалистка од М2 потрагата по ѕвезди каде ја испеа песната „Моето маало“.

 

 

Како дел од жирито поминаа многу познати македонски личности како Ламбе, Дарко Илиевски, Даниел Дан, Весна Петрушевска, Вера Јанковиќ, Силви бенд, Дарио, Тамара, Лејла Сабит, Кире Костов, Григор Копров, Верица Пандиловска, Кристина Арнаудова, Тарабунов, а во недела гости на финалето ќе бидат првите дами на македонската забавна музика – Калиопи, Каролина и Елена.

Победничка на првата сезона беше Александра Јанева која благодарение на шоуто си го отвори патот на македонската музичка сцена. Јанева победи на „Макфест“ и успешно се претстави на „Скопскиот фестивал“ во ноември минатата година. Кој ќе биде победник во втората сезона, ќе дознаеме во недела навечер.

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …