Почетна / Забава / Вистински летен хит | Промоција на спотот „Брига ме“ на Јоце Панов

Вистински летен хит | Промоција на спотот „Брига ме“ на Јоце Панов

 

Во многу пријатна атмосфера вчеравечер во скопското кафуле Сото Јоце Панов го промовираше видео записот за својата нова песна „Брига ме“. Песната е на српски јазик и ќе се најде на неговиот најнов албум. На промоцијата се појавија неговите пријатели и соработници, како и дел од девојките што го украсија спотот. 

 

 

Песната веќе е хит на радиостаниците, а коментарите на корисниците на социјалните мрежи навестуваат дека ова е новиот летен хит во Македонија и пошироко. Спотот е сниман на локации на плажите во Струга, како и во познатото летувалиште Порто Карас во Грција. За целиот пакет да излега така фино спакуван како што изгледа, се погрижи режисерот Дарио Јанковиќ. 

 

 

Големи професионалци ќе се погрижат за новиот албум на Јоце Панов да биде она што го бара публиката. Она што веќе го создаваат Жељко Јоксимовиќ, Саша Драгиќ, Марина Туцаковиќ, Драган Брајовиќ – Браја и други звучни имиња од музичкиот свет ќе го слушнете се надеваме наскоро, а сега погледнете го спотот.

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заврши „Фолк Фест Валандово 2024”, прочитајте кои се победниците

Со песната „Темјана”, музика на Ванчо Димитров, текст Огнен Неделковски и аранжман на Љупчо Соколовски, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!