Почетна / Забава / ВИДЕО | Со плескање до поголеми гради

ВИДЕО | Со плескање до поголеми гради

 

Кемика На Сонгла е козметичарка од Тајланд којашто на уникатен начин умее да ги зголеми женските гради. Нејзината работа е толку ефикасна што пластичните хирурзи почнаа да ја сметаат за сериозен конкурент.

Кемика знае точно каде и колку да ги плеска градите на своите клиентки за тие по некое време да се зголемат. Ваквиот несекојдневен талент го наследила од својата баба, а во моментов е толку популарна што не може да постигне да ги задоволи потребите на сите свои клиентки.

 

 

Плескањето на Кемика не е безболно, но оние што го побарале третманот велат дека не се работи за некоја болка што не може да се издржи. Таа сега објавува оглас на којшто вели дека ќе го пренесе своето знаење на 10 луѓе. Нејзиниот курс ќе го наплати од 165 до 330 илјади долари за три различни курсеви. Засега се пријавени четворица, а медиумите велат дека се очекува оваа жена наскоро да стане милионерка.

 

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова композиција на Тадиќ и Холцверт инспирирана од „Поступано оро“

Светски познатиот гитарист и композитор Мирослав Тадиќ со виолинистката Ивет Холцварт неодамна ја промовираше композицијата …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!