Почетна / Забава / Видео порака од Ванеса Меј до своите македонски фанови

Видео порака од Ванеса Меј до своите македонски фанови

 

Светски познатата виолинистка Ванеса Меј испрати покана до сите нејзини фанови за концертот кој ќе го одржи во Скопје на 15ти мај 2017 во Вип Арена “Борис Трајковски”.

 

 

“Сите оние што сакаат да присуствуваат на концертот на атрактивната и популарна виолинистка, а сеуште немаат билет нека побрзаат. Многу е веројатно дека целиот преостанат капацитет ќе биде распродаден за неколку денови”, се вели во соопштението на Прагма Продукција, организаторите на концертот.

Концертот на оваа мега популарна ѕвезда е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и Македонската Филхармонија.

Билетите за концертот, кои се во ограничен број, може да се набават преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Пола Југотон и Цвеќара “Розе” – Веро 2.

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!