Почетна / Забава / Видео | Повторно овации по настапот на Трајче во “Пинк ѕвездички”

Видео | Повторно овации по настапот на Трајче во “Пинк ѕвездички”

 

 

Сигурно се сеќавате на Трајче Георгиев кој пред три недели го воодушеви жирито на “Пинк ѕвездички”, а потоа и цела балканска јавност со песната “When I was you man”, а во вчерашната емисија, повторно истите впечатоци и овации по неговиот настап. Првиот пат се претстави со песна од Бруно Марс, а вчера со песна од Бијонсе.

– Тоше ми е идол, а од светските Бруно Марс и Бијонсе. Сепак јас сакам најмногу балади и тие некако најмногу ми лежат – вели младиот Трајче. Од жирито на такмичењето во кое учествува, признава дека нај омилена му е Јелена Томашевиќ. Мајка ми е задолжена за мојот стајлинг на настапите – вели малиот Трајче.

Да не пишуваме сами, погледнете го и неговото второ претставување во јуниор верзијата на “Пинк ѕвезди”, која не се емитува на ниедна македонска телевизија.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …