Почетна / Телевизија / Видео | Ова е македонскиот учесник во шоуто „Пинк ѕвезди“

Видео | Ова е македонскиот учесник во шоуто „Пинк ѕвезди“

 

Денис е македонскиот претставник во “Пинк ѕвезди”

 

 

Македонски учесник освен во Ѕвездички, Икс фактор и Гранд, имаме и во српското музичко шоу “Пинк ѕвезди”. Пред Цеца, Харис, Мирослав, Марина и Бора веќе неколку месеци пее нашиот Денис Димоски, 21 годишен дечко од Прилеп кој ги воодушеви српските турбофолкери и рокери на последната емисија со интерпретацијата на “Красива” од Здравко Чолиќ.

Младиот Денис си обезбеди пласман во финалните емисии на шоуто. Инаку Денис е познат на македонската публика од 2006 година, кога настапи на детската Евровизија со песничката “Роденденски бакнеж.”. Во продолжение, погледнете го неговиот настап во Пинк ѕвезди, шоуто кое кај нас го емитува Алфа телевизија.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телекабел ја зголемува ТВ преплатата од 450 на 650 денари месечно

Над 44 проценти покачување за сите ТВ корисници на Телекабел. Од 1 јули, досегашната цена …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!