Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #044 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #044 | ARDIENTE PASIÓN

44то продолжение

 

 

Кога Јулиса се појави пред куќата на Тристан, вратата беше отворена. Ги затекна Тристан и Дамијана голи во неговата соба, помеѓу сатенските чаршафи на креветот.  Не можеше да ги задржи солзите. Сите сни и мечти за заеднички живот, потонаа во еден дел од секунда.

Болка и бес. Горчина и пелин.

Дамијана ликуваше. Никогаш не можеше да и прости на Јулиса што и го превзема Ектор. Ова беше стапица и дел од одмаздата.

 

 

***

 

–          Ќе останеш без солзи од толку плачење, – ја опомена Кристела, откако Јулиса и прерскажа што се случило.

Јулиса се чувствуваше исмеано, потценето, изневерено. Сакаше да се сокрие од светот и никогаш повеќе да не го види Тристан Фуего.

–          Сакам да умрам, Кристела, не сакам да живеам, – се жалаше на својата пијателка, која и ги бришеше солзите во прегратка.

 

 

Кога Магдалена се врати во пансионот, ја затекна Јулиса како плаче, а Кристела како ја советува. Јулиса ја извести својата мајка дека сака да си замине од Малиналко, засекогаш.

–          Пред да заминам во манастирот на онаа жена која ме продаде, живеев во манастирот на мајка Крисанта, – рече Магдалена. – Таму живеев до својата дванаесета година. Мајка Крисанта  ме сакаше како родена ќерка и сигурна сум дека таму ќе бидеш безбедна, Јулиса.

На Јулиса и падна тешко разделбата од Голондрина и пријателките Кристела, Индалесија и Капричо. Но знаеше дека само животот далеку од Тристан Фуего ќе и помогне полесно да го заборави. Кога се качија во автобусот, Јулиса погледна зад себе, со последна надеж дека можеби ќе го види Тристан.

Патувањето до Веркаруз, траеше цела ноќ.

Кога пристигнаа, Магдалена ја остави Јулиса во манастирот кај мајка Крисанта, па се упати кон куќата на Филомена Педрегал, старата домарка на Росалнхелика Рентеира, која живееше во близина на манастирот, со која Магдалена неодамна стапи во контакт. Магдалена ја побара старата Филомена со надеж дека ќе собере докази против Вадо и дека ќе може да докаже дека тој нелегално дошол до рудникот за злато.

 

Филомена живееше кај својата сестра во селото Тлакоталпан, и Магдалена лесно ја пронајде адресата. Беше минат еден цел живот откако последен пат се видоа.

Кога Филомена ја здогледа Магдалена, искрено и се израдува. Заклучи дека не е променете и дека сеуште е истата убава жена како и некогаш.

–          Мелчор е убиен и дојдов да ми ја кажеш вистината, – рече Магдалена, не сакајки да губи на време. – Вадо Фалкон ја запозна Јулиса, ќерката на Росанхелика и сака да ја придобие. Само сакам да ја спасам мојата ќерка од злото на тој човек, Филомена.

–          И како Вадо Фалкон е толку сигурен дека Јулиса е негова ќерка, Магдалена?

–          Бог сакаше Јулиса да биде иста како Росанхелика. Личи на својата мајка како две капки роса.

–          Ах, мојата Росанхелика, – воздивна Филомена, враќајки се во спомените. – Мојата малечка. Беше чиста и невина пред да го запознае Вадо Фалкон. Но, тој монструм ја заведе, ја направи своја и ја изневери.

–          Истото што ми го направи и на мене. Вадо Фалкон е џелатот на мојата судбина. И нема да се помирам додека н го видам мртов. Мртов!

Филомена ја спушти шољата со чај пред себе на дрвената масичка и погледна во Магдалена, чии влажни очи беа полни со бес и горчина.

–          По толку години доаѓаш на мојата врата и се распрашуваш за минатото. Зошто?

–          Бидејки морам да го уништам тој човек. Да му ја одземам моќта.

–          Чувствата се подеднакво силни кога се љуби и кога се мрази, Магдалена. Кажи ми што точно чувствуваш за Вадо?

–          Бес и немоќ.

–          Ти сеуште си заљубена во тој човек.

–          Секако дека не, Филомена. Убиен е секој дел од таа љубов во моето срце.

–          Биди внимателна. Можеби таа љубов те спојува со судбината која толку ја мразиш. Можеби длабоко во себе сеуште сакаш да бидеш со Вадо.

–          Не смеам да дозволам Јулиса да дознае дека тој човек е нејзин татко. Тоа е се што сакам.

–          Не можеш да побегнеш од пишаното, Магдалена. Крвта не е вода.

–          Пред да дознае, само сакам да го сместам зад решетки. Мораш да ми помогнеш да докажам дека Вадо насилно го стекна наследството на Росанхелика. Те молам, помогни ми, Филомена.

–          И зошто мислиш дека јас можам да сторам нешто против Вадо? Во текот на годините, неколку пати го посетив дон Мелчор во затвор. Зборувавме за тоа што може да се направи. Мелчор сакаше да остане се онака како што е за добро на Јулиса. Дојди со мене, – додаде Филомена и ја поведе Магдалена кон својата соба. Од плакарот извади една стара кутија за шапки во која стоеа спомени, писма, фотографии…

–          Ова се дел од писмата на Росанхелика. Ова се документи за рудникот за злато. Ова е важен документ со кој државата му даде дозвола на Мелчор да вади руда. Се што денес поседува Вадо, целата негова империја е изградена на лаги и клевети

Држејки ги во раце тие вредни документи, Магдалена ликуваше.

–          Ова е тоа што ми требаше, Филомена. Без овој документ, Вадо Фалкон е никој и ништо.

–          Биди внимателна, Магдалена, – добронамерно ја предупреди Филомена. – Не заборавај дека Господ ни помага само доколку нашата цел е добронамерна, во спротивно, ни го врти грботт. Сега имаш многу силно оружје во рацете. Искористи го паметно и или ќе се заврти против тебе. И не заборавај дека има нешто што никогаш нема да можеш да го промениш. Фактот дека Јулиса е негова ќерка.

–          Мојата ќерка никогаш нема да дознае дека тој бедник е нејзин татко.

–          Нема да можеш уште догло да ја криеш вистината.

–          Никогаш нема да дознае!, – бесно извика Магдалена. – Заколни се дека ова ќе биде тајна меѓу нас две.

–          Добро. Но колку и да те боли, Јулиса е негова крв. Ако кралот на златото дознае дека сум ти ги дала овие документи, ќе ме убие. Никој не смее да знае дека ги имаш тие документи.

–          Го знам тоа, Филомена, без грижи.

–          Колку долго ќе останеш во Веракруз?

–          Уште вечерва се враќам во Малиналко. Само ќе одам да се поздравам со Јулиса, која ќе остане неодредено време во манастирот.

–          Јулиса ќе остане во Веракруз?

–          Да, во манастирот на мајка Крисанта. Сакам да остане изолирана додека не го поразам кралот на златото, дон Еверардо Вадо Фалкон!

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

error: Содржината е заштитена!