Почетна / МК Сцена / ВИДЕО | Нови песни на Даниел Кајмакоски, Тамара Тодевска и Лозано

ВИДЕО | Нови песни на Даниел Кајмакоски, Тамара Тодевска и Лозано

 

Вака звучат македонските хитови за ова лето

 

Летните одмори се веќе во полн ек, а за време на пеколните горештини, тука се новите летни хитови на македонските изведувачи.

 

 

Новата песна на икс факторот Даниел Кајмакоски се вика “10 лета” и е најава за неговиот прв албум кој треба да излезе оваа година. По лошиот пласман на Евровизија, Даниел се враќа на македонската сцена со новиот летен хит. Песната е дело на Александра Милутиновиќ, а аранжманот го направи Дарко Димитров.

 

 

Освен Кајмакоски, нова песна со спот има и Лозано, кој традиционално секое лето вади по некој хит. Ланската “Мандарина” ова лето ќе ја замени “Како тебе нема друга”, дело повторно на Лазар Цветковски и Магдалена Ена Цветковска.

„Идејата за оваа песна е од пред две години, полека ја работевме и и се навраќавме. Сега е вистинскиот момент за неа. Верувам во љубов, вистинска и искрена, тоа го препознава мојата публика. Сите мои чувства ги внесов пеејќи ја оваа песна која е приказна за двајца вљубени, за две навистина сродни души“ – вели Влатко Лозаноски.

Видео записот кој е снимен во „Рагуза“, е во продукција на „Горила Филмс“, режијата и монтажата се на Горан Костадинов, а снимател е Кристијан Теодоров. За стајлингот беше задолжена Викторија Арсовска, за шминка и фризура фризерското студио „Ив“, а впечатливите очила се од „Диоптра Оптик“.

 

 

Ова лето, се активираше и поп пејачката Тамара Тодевска. По свадбата, таа вади нов албум, по цели 11 години од првиот нејзин албум. На албумот се најдоа 13 композииции меѓу кои 5 нови „Врвот е дно“, „Фрази љубовни“ со ДНК, „Промена“ со Тони Зен, „Трофеј“, „Баш на тебе“, пијано верзија на „Тажна љубов, среќна песна” и веќе добро познатите „Готово е”, „Брод што тоне”, „Тажна љубов, среќна песна”, „Тешко без тебе“, „За миг“, „Залудно е“.

На албумот работеа Роберт Билбилов, Лазар Цветкоски, Магдалена Цветкоска – Ена, Нино Васков, Игор Џамбазов, Владимир Крстевски – Франц, Живоин Глишиќ, Тони Зен, Ксенија Николова и Панчо. Во продолжение, слушнете една од новите песни, дело на Билбилов и Џамбазов. 

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!