Почетна / Телевизија / Видео | Најава за новото шоу на Игор Џамбазов

Видео | Најава за новото шоу на Игор Џамбазов

 

Долгонајавуваното шоу на Игор Џамбазов стартува наскоро на Македонската телевизија, еве што изјави тој неодамна во врска со новиот проект „ЏИШ“.

 

 

ЏИШ не е класично шоу со гости. ЏИШ всушност, не е ни шоу со гости. ЏИШ е телевизиско шоу слично на „Седуммина млади“, најгледаното ТВ шоу. Има малку од „Седуммина млади“, малку од „Бени Хил“, малку од „Мистер Бин“… Однапред смислени точки кои се монтираат со метрика, динамика, не траат многу, не го заморуваат гледачот и ќе бидат духовити. Ќе има музички точки, скечови, римејк на познати филмски сцени. Познати личности од Македонија ќе глумат со мене. Најважниот, односно најсериозниот дел од ЏИШ е антологијата на македонската поезија“.

Во прилог е најавата што деновиве се емитува на Првиот канал на Македонската телевизија.

 

 

 

 

Мите Иванов | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечерва полуфинале – за што ѝ замеруваат гледачите на Алфа?

Вечерва на Алфа телевизија во 21.30 часот ќе се емитува втората полуфинална вечер од српското …