Почетна / Забава / Видео | Жељко Јоксимовиќ со голем концерт во ноември

Видео | Жељко Јоксимовиќ со голем концерт во ноември

 

Жељко Јоксимовиќ на 11-ти ноември во Скопје!

 

 

Познатата балканска музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ вчера ја промовираше својата нова песна “Милиметар”, а денес го најавува својот голем концерт во Скопје кој ќе се одржи на 11ти ноември во Вип Арената Борис Трајковски.

 

 

Едно од најдобрите српски музички имиња, единствениот што успеа да ја наполни Националната Арена “Филип Втори”, пејачот и кантавтор Жељко Јоксимовиќ доаѓа со уште еден во низата на успешни концерти во Скопје. Лани, со музичкиот проект “Два Света”, со повеќе од 40 музичари на сцена, Жељко наполни дури четири концерти, еден по друг, во Македонскиот Народен Театар.

 Миленикот на сите генерации, човекот кој два пати е морален победник на Евровизија, Жељко Јоксимовиќ на голем спектакуларен концерт, кој ќе трае повеќе од 2 часа.

На концертот ќе се отпеат најголемите хитови како Љубави, Није љубав ствар, Лане моје, Девојка, Либеро, Дрска жено плава, како и поновите хит песни на Жељко како што се “Дама”, “Звезда”, “Рањена Ѕвер”, најновата “Милиметар” и многу многу други.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба утре (6ти јули) и истите може да се набават преку продажната мрежа на “Купи Карти За Се” низ цела Македонија, во Пола Југотон, Југотон и цвеќара “Розе” – Веро 2.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Луксузниот бренд ,,Елена Лука” го носи својот гламур во Њујорк!

Десетгодишниот јубилеј означува една нова ера за етаблираниот моден бренд Елена Лука и македонската мода …