Почетна / Забава / Видео | Дани со нов видеоспот: За Скопје, за љубовта, за нас

Видео | Дани со нов видеоспот: За Скопје, за љубовта, за нас

 

Вчера во етер се пушти новиот сингл на Дани, насловен „Нема две”. Песната е дело на Весна Малинова Бабамова (музика и текст), и Кирил Бабамов (аранжман и продуцент), снимена е во XL Студио/Дејан Момировски.  

 
За видеото се користени сцени од првиот колор филм за Скопје, „Градот На Вардар”, снимен 1962-ра година во режија на големиот македонски филмски уметник, Бранко Гапо.  
 
 
 
 
– За што пеам? – За едни подзаборавени суштински вредности. За љубовта, за луѓето, за градот, за срцето. За нас. За еднина. За целина. – Скопјево, ова моево, љубов ми е. Прва. – вели Дани. Оваа песна се наоѓа на најновиот албум на Дани, за кој сме во исчекување. До тогаш, ја имаме „Нема Две”.. За будење, за еднување..
 
Погледнете, слушнете и уживајте:
 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!