Почетна / Забава / „Skopje Street Festival“ на 6 и 7 јуни

„Skopje Street Festival“ на 6 и 7 јуни

 

Уличен фестивал во четврток и петок во Градскиот парк во Скопје

Овој четврток и петок во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи фестивал на отворено кој има за цел да ја разбуди уличната култура на македонскиот народ и да мотивира урбано будење. 

 

Слика
 

Преку промовирање на македонски музички уметници, како и вклучување на македонски промотери за урбано живеење, ќе се гради улична култура и ќе се работи на етаблирање и мотивирање на младите преку музика и креативно изразување да допринесат за урбани стратегии за поубаво живеење. За таа цел невладината организација “Подиум Скопје” го креираше Скопје Стрит Фестивал кој трае два дена, во Градскиот Парк во Скопје, оваа година на 06 и 07 Јуни 2014 година.

Фестивалот е поделен на две категории од отворена едукација до анимација на младите, вклучувајќи интерактивна програма од работилници до концерти. Без карти, со огромна поддршка од сите негови учесници и пријатели како активни реализатори и креатори на приказната. Проектот Скопје Стрит Фестивал се базира на долгорочна стратегија и ќе се развива и надградува според потребите, трендовите и можностите во општеството. Фестивалот има за цел да прерасне во интернационален настан кој ќе ги поврзува младите во Македонија, а ќе достигне и ранк на Европски фестивал.

 

Слика
 

На пример, на една од работилниците на фестивалот ќе говори за графитите како уметност, а не како вандализам, ќе се презентира случајот на Берлин како меката на графити уметностa во Европа, ќе се зборува за легални ѕидови, а не нагрдување на свежи фасади, за развојот на маалските музички бендови и креирањето на современата македонска музика. Младите ќе имаат свој простор за скејт, бајк и блејд на специјално поставени платформи. Оваа година фестивалот се надградува со уште два урбани подиуми: стрит бол и денс подиум. Сето ова се прави за слободните уметници, за младите во Скопје, за младите на Балканот.

 

 

Дани Петковска | TВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Деветто издание на прилепскиот Џез фестивал на 27, 28 и 29 август

Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, на 27,28 и 29 август 2020г, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!