Почетна / Серии / Теленовели / Бурата во „Бурни времиња“ никогаш не била посилна

Бурата во „Бурни времиња“ никогаш не била посилна

 

Бурата во „Бурни времиња“ никогаш не била посилна и посурова. Во време на неспокој, одмазда, убиства и сурови пресметки, Џемиле се обидува да го сочува своето семејство кое веќе е распаднато како кула од карти.

 

 

Ќерката на Берин боледува од тешка болест, а за болката да биде уште поголема лекот за нејзината болест го има само татко му на Хакан, кој ги уценува дека ќе ја лекува Зехра со тоа што таа ќе живее со него и со каролин. Таа, пак, почнува да му се додворува на Хакан затоа што знае дека од неговиот татко нема да добие никаков имот ниту пари.

 

 

Осман не мисли на ништо друго освен на одмаздата за животот на Ајдин, неговиот најдобар пријател. Мете се обидува да го врати својот помал брат на вистинскиот пат, но никако да успее. Кој би рекол дека малиот и сладок Осман ќе прерасне во толку тврдоглаво момче кое во непромислената намера не може да го запре ниту неговата мајка.

 

 

Од друга страна, Сонер е единствениот којшто ја прикажува позитивната страна на оваа приказна. По долгото страдање за Ајлин, тој конечно запознава жена на којашто е подготвен да и ја даде сета своја љубов, а и обврската да се грижи за малата Денис. Љубовта на Сонер и Бахар допрва ќе се развива.

 

Серијата „Бурни времиња“ се емитува на Сител телевизија секој работен ден во 21:45 часот.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Ќе се дознае ли вечерва измамата за виното „Бруско“ ?

Неверојатни пресврти во грчката сапуница која секоја вечер се емитува на телевизија Сител. Во епизодите …