Почетна / Телевизија / Х Фактор / Никола Пауновиќ: „Х Фактор ми се посра на глава“

Никола Пауновиќ: „Х Фактор ми се посра на глава“

 

Пејачот Никола Пауновиќ кој се прослави во текот на натпреварувањето на „Оперција триумф“, а пред неколку месеци се пријави и на „Х Фактор“, на својот Фејсбук профил напиша колку е незадоволен од својот пласман на ова шоу. Не бираше зборови и дрско го нападна регионалниот „Х Фактор“.

 

 

– Откако го погледнав настапот можам да кажам дека ми е жал што учествував во домашната верзија на „Х Фактор“ и оти се каам што бев дел од овој проект. Вечерва продукцијата „Х Фактор“ ми се посра на глава, но сам си го барав и си го заслужив тоа. Ќе навивам за своите пријатели (тие си знаат кои се) и сакам да стигнат до финалето. Се надевам дека гласањето ќе биде фер. – напиша тој на својот профил на Фејсбук.

– Жалам што не бев „доволно добар“ за да ми ја емитуваат целата аудиција, но небитно. Одиме понатаму. – додава подоцна.

Никола ќе биде запаметен и како натпреварувач на „Операција триумф“ на кој Марина Туцаковиќ му рече дека никогаш нема да биде ѕвезда.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!