Почетна / Сапуници / Бразилскиот феномен ова лето доаѓа на Алфа

Бразилскиот феномен ова лето доаѓа на Алфа

 

Бразилската теленовела „Авенија Бразил“ од ова лето, ексклузивно на Алфа телевизија

 

Ова лето на Алфа телевизија започнува бразилскиот феномен „Avenida Brasil“. Феномен е затоа што се работи за најпродаваната бразилска серија на сите времиња и една од најпопуларните серии не само на Балканот, туку во целиот свет во изминатата година. Една од првите земји што ја откупи Авенијата беше Хрватска која ја прикажа минатото лето, а до ден денес е продадена во 130 земји ширум светот. Во Хрватска, Унгарија и Грција бележеше одлични резултати во гледаноста, а пак најгледана програма стана во многу земји меѓу кои Аргентина, Португалија, како и земји во Африка и на Далечниот Исток. Инстант популарноста на серијата се должи на добрата промоција на продукцијата Глобо, сапунската приказна и привлечните глумци кон кои се приврзаа гледачите.

 

 

Серијата започнува кај нас во време кога е актуелно Светското првенство во фудбал кое се одржува во Бразил, а токму во оваа серија голем акцент е ставен и на фудбалот поради што во матичната земја била искористена како добра промоција на светсково првенство. За време на нејзиното прикажување во Бразил, бележела голема популарност и на социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер каде гледачите ги коментирале случувањата во серијата, а пак последната епизода ја гледале 80 милиони Бразилци и во тоа време улиците низ Бразил биле потполно празни. На престижните бразилски награди Prêmio Extra била номинирана во 22 категории, победила во шест. Вкупно има освоено 35 награди на различни телевизиски натпревари. Актерката Адријана Естевез која ја толкува улогата на негативката Кармиња ги доби сите пофалби од критиката, а за нејзината глума зборуваа и светски медиуми како Los Angeles Times, The Guardiana, BBC и Forbes. 

Главните улоги ги толкуваат познати актери од мегахитот „Клон“.

Во некој следен прилог, ќе ве информираме за содржината на оваа сапуница, а до тогаш уживајте со насловната песна на оваа серија, летниот хит Danza kuduro.

 

 Браво, Алфа!

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!