Почетна / Телевизија / „Бекстејџ“ ја прослави својата петта годишнина

„Бекстејџ“ ја прослави својата петта годишнина

 

Најуспешниот естраден магазин во Македонија, магазинот „Бекстејџ“ вчера го прослави петтиот роденден. Како една од малкуте телевизиски програми кои успеаја да се изборат среде турски и индиски серии, екипата на „Бекстејџ“ треба да е горда на она што досега го постигна за овие 5 години, а сигурни сме дека ќе нижат уште многу поголеми успеси.

 

 

Коктелот се одржа околу пладне во фоајето на Музеј на ВМРО, целата македонска елита на едно место наздрави за петте успешни години на оние што го остварија својот сон, односно изградија вистински бренд.

„Бекстјеџ“ е екипа која функционира како едно семејство, тоа го знаевме, а уште еднаш го докажа и главниот и одговорен уредник Александар Блажевски кој за сиот успех им се заблагодари на своите новинари, водители и останати луѓе дел од техничката екипа.

 

 

Марија Петровска, Јулија Цветковска, Габриела Додевска, Драгана Чуприна и Миа Костова заедно со останатите колеги пристигнаа како вистински ѕвезди и заблескаа посилно од сите останати ѕвезди присутни на коктелот. Пристигнаа со интересна видео приказна која предизвика емоции кај сите.

 

 

Започнаа на Сител, продолжија на МРТ1, но квалитетот на емисијата остана ист. Видео приказната не потсети и на моментите кога се роди „Бекстејџ“, како растеше, созреваше и прерасна во она што е денес.

 

 

Сека Саблиќ како гостин на роденденот на „Бекстејџ“

 

„Бекстејџ“ делеше и награди за најуспешните, тоа го прават од минатата година и планираат да прерасне во традиција. Тамара Тодевска беше прогласена за најуспешна пејачка, а Влатко Лозаноски за најуспешен пејач за 2013. година. Телевизиската програма „Вкусот на традицијата“ беше наградена за најуспешен телевизиски проект, наградата секако ја подигна Андријана Алачки. Групата ДНК доби две награди, едната за најуспешен албум, другата за песната „Срце“ како најуспешен хит. Весникот „Вест“ доби награда за најуспешен печатен проект – „Не покажувај ми ги мене, покажи му ги на лекарот“. Награда доби и Есма, како и српската актерка Јелисавета Сека Саблиќ која на коктелот пристигна во придружба на Александар Блажевски. Беа наградени и други успешни личности.

 

{gallery}112013/backstage{/gallery}

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Ружица Фотиновска како презентер на дневните вести на ТВ 24

Новинарката Ружица Фотиновска веќе одреден период ја гледаме на екранот на ТВ 24 и како …