Почетна / Серии / „Беверли Хилс“ од вечерва на Сител телевизија

„Беверли Хилс“ од вечерва на Сител телевизија

 

„90210“ e тинејџерска драма, креирана од Роб Томас, Џеф Јуда и Гејб Закс и претставува четврта по ред серија од франшизата Беверли Хилс 90210, воведена од Дарен Стар. „90210“ беше првата серија во продукција на CBS Productions, а подоцна на CBS Television Studios. Првата епизода од оваа серија беше премиерно емитувана на телевизијата CW на 02. септември 2008. година. Од вечерва на Сител телевизија во 23:30 часот гледајте ја „Беверли Хилс“. Серијата ќе се емитува во недела, понеделник и вторник.

Број на сезони: 4
Број на епизоди: 92

 

Синопсис:

Дејствијата во серијата се одвиваат околу неколку средношколци од средното училиште West Beverly Hills High, вклучувајќи ги и новодојдените од Канзас, Ени и Диксон Вилсон. Нивниот татко, Хари Вилсон е новиот директор на училиштето. Тој всушност се враќа во родниот Лос Анџелес за да се грижи за неговата мајка, поранешна телевизиска и актерка во театар, Табита Вилсон, која е алкохоличар и често запаѓа во кавги со Деби, нејзината снаа. Ени и Диксон се борат да се вклопат во новата средина и истовремено да се придржуваат до правилата кои нивните родители ги поставуваат.

Во првите две сезони од оваа серија, се појавија актерите од оригиналната постава, како Џени Гарт (Кели), Шенон Доерти (Бренда), Тори Спелинг (Дона) и други.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познатата ABC драма „Revenge“ сега и на Нова за македонските гледачи

Популарната американска сапунска драма “Одмазда” од понеделник до петок на кабловската Нова во 13.30 часот. …