Почетна / Сапуници / „Аси“ започнува вечерва на Сител телевизија

„Аси“ започнува вечерва на Сител телевизија

 

АСИ
од вечерва на Сител по „Бурни времиња“

 

„Аси“ е една од најпознатите турски теленовели чие дејство е сместено во Антиохија, таинствен и магичен град на брегот на Средоземното море и дом на културата стара илјадници години. Музиката ја напиша познатиот автор Наил Јуртсевер, а серијата е базирана на романот на Џејн Остин, „Гордост и предрасуди“. Силниот лик на Аси го игра Туба Бујукуштун, која на македонската публика веќе и е позната од серијата „Под сенката на врбите“, додека улогата на главниот машки лик му припадна на Мурат Јилдирим или за македонската публика мегапопуларниот Саваш од „Љубов и казна“.

 

 

Никогаш не знаеш во кој ќе се вљубиш, исто како што не можеш да одбереш во која земја ќе се родиш. Ова е приказна за земјата и љубовта, приказна за една невозможна љубов, да љубиш и да бидеш љубен, но сепак да не можеш да ја пронајдеш среќата. Во неа се зборува за семејството Козџуоглу кое се обидува да преживее на земјата на која тие и се посветени, на земјата за која би го дале и животот и земјата која ја поседуваат веќе три генерации од нивната фамилија.

 

 

Сопственикот Ихсан и неговата ќерка Аси работат и живеат за оваа земја. Аси е убава, сaмоуверена, тврдоглава и бунтовна девојка, а името го добила по името на реката Аси, што значи бунтовна и која тече во близина на нивниот имот. Нештата се менуваат во животот на семејството Козџуоглу кога во селото се врaќа Демир Доган – убав, богат и горд човек кој сака да ги расчисти околностите под кои умрела неговата мајка на тоа парче земја. Неговата мајка се самоубила фрлајќи се во реката Аси, но причината за тоа Демир ја гледа во семејството Козџуоглу. Тој ја запознава Аси, девојката која е именувана по реката што го одзеде животот на неговата мајка, и веднаш се вљубува во неа, но дали грешките од минатото на нивните семејства ќе дозволат тие да живеат мирно во сегашноста?

Тајните кои оваа земја ги чува почнуваат да се откриваат кога тетката на Демир, Суејла се враќа исто така после многу години на ова место. Тие тајни ќе предизвикаат дуели на земјата, моќни борби и уништување на животите на двете семејства, но тајната од минатото исто така ќе ги зајакне и чувствата кои ги имаат Аси и Демир, пред кои тие безуспешно се трудат да останат воздржани.

Улоги: Tuba Büyüküstün (Aси), Murat Yıldırım (Демир), Çetin Tekindor (Исан), Nur Sürer (Нериман), Selma Ergeç (Дефне), Cemal Hünal (Керим), Onur Saylak (Зија), Saygın Soysal (Аслан), Elif Sönmez (Mелек)

 

 

 

 Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!