Почетна / Филм / Анџелина е уништена!

Анџелина е уништена!

Филмот “Во земјата на крвта и медот”, првенецот на Анџелина Џоли, во неделата требаше да биде прикажан во киното Ролан во Москва, но неговото прикажување е дрско прекинато.

 

 

Како што пишуваат српските медиуми, на прикажувањето на филмот “Во земјата на крвта и медот” во Москва се појавиле само 15 гледачи. Но, ни тие немале можност да го гледаат филмот затоа што прикажувањето било прекинато. Имено, руски активисти на екстремната десничарска организација уште на почетокот на филмот се појавиле со фотографијата на Анџелина Џоли на која имало нацртано крв околу устата со порака: “Убивате Срби? Не, не сакаме да слушаме такво нешто!”

За време на протестот сите извикувале: “Престанете со убивањето на Србите”, “Срби – браќа” и “Босна – српска земја”, по што проекцијата веднаш била прекината.  Секој гледач добил леток на кој е објаснето дека фимот шири само лажна пропаганда против Србите и Босна.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сабота на Телма со документарец за Доналд Трамп, кумот на Менхетен

Познат по својата непредвидлива политика, непредвидливото однесување и вербалните провокации, Доналд Џеј Трамп, 45-тиот претседател …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!