Почетна / Телевизија / Антониа со две награди на „Макфест“ и влез во полуфинале на „Ѕвездички“

Антониа со две награди на „Макфест“ и влез во полуфинале на „Ѕвездички“

 

Македонските ѕвездички почнаа да редат успеси и на домашен терен

 

Македонската учесничка во “Ѕвездичките на Пинк, “Антониа Гиговска од Скопје се зареди со два битна успеха вчеравечер. Првиот голем успех е настапот на “Пинковите ѕвездички” со песната “Иза осмеха” која оваа година ја претставуваше Србија на Евровизија.

 

 

Евровизиската српска песна ја однесе Антониа директно во полуфиналето на шоуто, добивајќи ги без сомнеж сите пет гласа од жирито на шоуто. Целата емисија на шоуто ќе ја гледате вечерва на Сител во 21 часот, а во продолжение погледнете го гламурозниот настап на нашата Антониа :

 

 

Вчеравечер, на финалето на “Макфест”, Антониа успеа да добие трето место на крајот од фестивалот. За младата Антониа ова беше прво претставување на македонски фестивал. Пеејќи ја песната „За нас“, таа доби 5.000 евра. Гиговска ја освои и наградата за дебитант која од оваа година го носи името „Душан Љубисавлевиќ-Дуле“ во вредност од 1.000 евра.

 

 

Таа е веќе миленичка на македонската и српската публика. Несомнено, ни останува да гласаме за неа во полуфиналните емисии и благодарение на нашите гласови, да ја одведеме во големото суперфинале на “Пинковите ѕвездички”.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …