Почетна / Серии / Ангели | Пас се враќа, приказната добива нов тек!

Ангели | Пас се враќа, приказната добива нов тек!

 

Она што ќе го гледате следната недела во хит серијата „Ангели“ на Сител телевизија ќе биде само најава за почетокот на расплетот на приказната. Имено, наскоро се враќа ликот на Пас, односно актерката која успеа да го освои срцето на секој маж и која всушност ја започна целата приказна.

 

 

Аргентинска секс бомба ја толкуваше главната улога во серијата три години или три сезони. Во првите две како Сиело Махико, а во третата, а сега и четврата сезона, Атиас ја толкува улогата на Пас Бауер, ќерката на Сиело и Нико. На почетокот на сезоната Пас се претвори во ангел и замина на небото, но сега е време да се врати и да стави крај на тиранијата која ја спроведува нејзината тетка Лус.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов тест на љубовта во премиерната 4-та сезона на „Афера“ на ТВ 24

Психолошката драма „Афера“ ги прикажува емоционалните ефекти на една вонбрачна врска. Ноа е професор и …