Почетна / Телевизија / Алфа ќе емитува македонска верзија на “Пеколна кујна”

Алфа ќе емитува македонска верзија на “Пеколна кујна”

 

Од четврток на Алфа – нова домашна емисија на Алфа

 

 Од утре (четврток) нешто по 20 часот започнува новата македонска емисија “Жешка кујна”. Се работи за македонска верзија на српската емисија “Паклена кухиња” која изминативе месеци се емитуваше на Алфа.
 
 
 
 
Во нашата верзија, готвачотод пеколот е Небојша Вуковиќ, професор на Факултет за Туризам и бизнис логистика на Штипскиот Универзитет. Тој е автор на монументалното дело “Домашен готвач – гастрономското богатство на Македонија”, а воедно е добитник на многу награди и признанија за своето познавање на тајните на готвењето.
 
Овој готвач ќе биде решение за оние ресторани кои сакаат да бидат подобри во своето работење. За многумина, тој е кошмарот од кој сакате да се разбудите, затоа што тој нуди решение зашто вашиот ресторан е празен и без гости. Па, ресторанџии, доколку сакате да се извлечете од катастрофата која демнее над вашите ресторани и кафеани, Небојша е тука да помогне и да го направи вашето место престижно, посетено и со задоволни гости.
За учество во емисијата, може да се пријавувате на телефонскиот број 078 276 316.
 
 
 
 
 
Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ацо Кабранов: Во Канал 5 примав 60.000 во плико на рака

Доскорешниот уредник на 1ТВ Ацо Кабранов во пост на Фејсбук обзнани дека додека работел во …

error: Содржината е заштитена!