Почетна / МК Сцена / Алтернативна музика на „Земјотрес“ вечерва по трет пат во МКЦ

Алтернативна музика на „Земјотрес“ вечерва по трет пат во МКЦ

 

Музички фестивал на алтрнативна музика, вечерва во МКЦ

 

Вечерва на три сцени во Младинскиот културен центар (Скопје) ќе се одржи третиот “Земјотрес”, музички фестивал со отворен концепт зад кој стојат независни дискографски куќи со свои претставници на алтернативна музика. Мухамед Ибрахими, Калчр дивелопмент, Фонија, Летешки пекинезери, Милко, Д Џон, Палиндром,  Душко Јаневски, Пиколомини, Роботек, Верка се само некои од артистите и бендовите кои што ќе се појават од 19 часот, во МКЦ.

 

 

Дефинитивен редослед на настапите може да видите тука:

ДЕНСИНГ САЛА
20:20 – 20:40 Muhamed Ibrahimi
21:00 – 21:20 Shock Troopers
21:40 – 22:00 Kanton6 + DEMEK
22:20 – 22:40 Фонија
23:00 – 23:30 The John
23:50 – 00:20 Верка
00:40 – 01:10 Летечки Пекинезери
01:30 – 02:00 Millko
02:00 – 03:00 Pikolomini

БИФЕ ФРОСИНА STAGE
20:00 – 20:20 Kolt
20:40 – 21:00 Marko Greyhound
21:20 – 21:40 Палиндром
22:00 – 22:20 Outlaw
22:40 – 23:00 SeeHearSpeak
23:30 – 23:50 Kids Insane
00:20 – 00:40 Culture Development
01:10 – 01:30 Green Fuzz

TECHNO STAGE
23:00 – 00:00 Galatheia
00:00 – 01:00 Robotek
01:00 – 02:00 Void & Type 500
02:00 – 03:00 Vidinovski
03:00 – 04:00 Душко Јаневски
04:00 – 05:00 Мирко Попов

 

 

„Се обидовме да направиме настан кој ќе ги предизвика пред сè новите генерации за да дојдат и да се запознаат со феноменот на таа алтернативна музика, или ако сакате алтернативна култура пошироко. И од таму идејата да се соберат што е можно повеќе бендови од разно-разна музичка провиниенција, разно разни музички стилови, од најнепознати македонски бендови кои можеби по прв пат настапуваат, до некои најрелевантни и веќе успешни во нашава средина и сето тоа за ултра-ниска цена на влезниците за да не биде препрека за било кој да дојде и да ги погледне нивните настапи“, вели Мирко Попов.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Легендите живеат вечно” – концерт посветен на нашите музички великани

На 4 октомври во „Македонска филхармонија” ќе се одржи второто издание на „Легендите живеат вечно” …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!