Почетна / Телевизија / VIP Survivor / Ава е луда по Владо!

Ава е луда по Владо!

Ава Карабатиќ во првите недели од емитувањето на “Survivor” ги освои гледачите со својата искреност и спонтаност, а поради тоа ја сакаат и натпреварувачите во ова реално шоу.

 

Хрватската старлета моментално вредно учи за испитите, поради тоа и се откажа од Фејсбук. Сепак, со својата симпатија, Владо Вуксановиќ, секојдневно се слуша, иако признава дека со никој немала било какви односи на Костарика. – “Владо ми е во срцето. Се слушаме секој ден. Ми се јавува попладне, на полноќ… и покрај тоа што роамингот е скап!”, вели Ава за еден магазин, напоменувајќи дека тие двајца и понатаму се само пријатели.

Од друга страна, Владо, кој неодамна излезе од кратка љубовна врска, изјавува: “Ава ми е драга, но нема ништо повеќе тука. Се допишуваме, но не баш секој ден. Ми го разубави престојот на Костарика и сакам односот меѓу нас да остане каков што е моментално”. Дали оваа романса ќе распламне доколку Ава ги запише студиите за глума во Белград на есен, останува да видиме.

 

 

 

Martin M. | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Никола Шоќ на детска возраст

Деновиве низ балканските интертнет портали можеше да се види една интересна фотографија од приватниот албум …

error: Содржината е заштитена!