Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Зошто квиз шоуто на Телма се емитува репризно и дење и ноќе ?

Зошто квиз шоуто на Телма се емитува репризно и дење и ноќе ?

Критика за програмскиот дел на телевизија Телма веќе објавивме во однос на репризите на сериите кои се емитуваат, а кои беа претходно прикажани на оваа фреквенција.

Во оваа статија ќе се осврнеме и на уште една реприза и тоа на квизот “Заврти на Телма”. Квизот премиерно се емитува во 14.40 часот, веднаш по завршувањето на светски популарната теленовела.

Но, она што е чудно е што истата емисија се репризира наредниот ден во 10.20 часот наутро.

Особено нејасно е како може да се репризира квиз со јавувања на гледачи со што гледачите може да се доведат во заблуда дека повторно треба да вртат на телефонскиот број и да очекуваат награди? Без разлика на знакот за реприза крај логото што објаснува дека се работи за репризно емитување, сепак нели постои можност гледачите да помислат дека сепак и во 10.20 наутро треба да се јавуваат и да го вртат тркалото?

Но, тоа не е сѐ. Квизот се репризира дури и ноќе во низата ноќни репризи.

Па така, според Телма, на кој не му се спие во тој термин, може да гледа реприза на квиз, но не и да се јавува на телефонскиот број, затоа што сепак … тркалото не се врти ноќе.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Втората сезона од „Трка низ светот“ нѐ носи низ Латинска Америка

Никогаш не било полесно да се стигне до другата страна на светот. Но, дали летајќи …

error: Содржината е заштитена!